Детали за оглас

Се издава деловна куќа во Тафталиџе 1 со вкупна површина од 407 м² и дворно место од 160 м². Објектот е на четири нивоа поврзани со внатрешни скали. Првото ниво од 96 м² располага со кујна, два тоалета и отворен простор. Второто ниво од 121 м² има кујна, голема конференциска сала и тоалет. Третото ниво од 100 м² има три простории и два тоалета. Четвртото ниво од 90 м² има кујна, помала конференциска сала, две простории и тоалет. Сите кујни и тоалети се комплетно опремени. Објектот има централно парно греење, клима уреди на секој кат и безбедносен алармен систем и се изнајмува празен. Флексибилниот распоред го прави погоден за канцеларии, ИТ компании, амбасади, едукативни центри, приватни клиники и други деловни намени. Локацијата обезбедува мир и брз пристап до главни сообраќајници.
Централно греење
Соларна енергија
Лифт
Балкон
Екстра бања & ВЦ
Одделна кујна
Фибер интернет
Челична врата
Приватно обезбедување
Приватен паркинг
Заеднички паркинг
Паметен дом систем
Двор/градина
Базен
Посебен поглед